Фудбал

Гостивар донесе засилување во следната сезона ќе настапува Набил Дирар

30.07.2024 09:29

Гостивар донесе засилување со импресивно минато за македонски услови, во ПМФЛ следната сезона ќе настапува Набил Дирар.

Гостивар донесе засилување со импресивно минато за македонски услови, во ПМФЛ следната сезона ќе настапува Набил Дирар. Доаѓа од првенството на Луксембург каде играше за Шифланге и има 38 години. Сепак Мароканецот има сериозно клупско минато и 46 настапи за својата земја.

Во 2012 година направи мегатрансфер, Монако го купи од Клуб Бриж за шест милиони евра. За тимот од кнежевството мароканскиот фудбалер настапуваше пет години, запиша 167 натпревари, даде 12 гола и подели 33 асистенции.

Потоа Фенербахче го откупи за 3,5 милиони, а по четири години во Турција следеше и платена позајмица назад во Клуб Бриж. Кариерата почна да му оди во надолна линија по 2021 година, тогаш се пресели во Касимпаша, па едно време беше без клуб.