Венецуела

Венецуела обвини за хакерски напад на изборите од Македонија

30.07.2024 09:51

Сајбер напад извршен од Северна Македонија влијаел врз пренесувањето на резултатите од претседателските избори во Венецуела, тврди Обвинителството во таа земја...

Сајбер напад извршен од Северна Македонија влијаел врз пренесувањето на резултатите од претседателските избори во Венецуела, тврди Обвинителството во таа земја.

Според главниот обвинител на Венецуела, Тарек Вилијам Сааб, бил направен обид за манипулирање на резултатите, но тој не успеал. Јавниот обвинител на Венецуела, Тарек Вилијам Сааб, најави кривична истрага и против лидерката на опозицијата Марија Корина Мачадо, обвинувајќи ја дека со уште две лица координирала компјутерски напад врз ЦНЕ (Национален изборен совет) од Македонија за време на претседателските избори во земјата.