Русија

Русија почна голема воена вежба

30.07.2024 11:05

Руската морнарица почна голема вежба во која учествуваат околу 300 бродови и 20.000 морнари. Маневрите се тест на дејствијата на командите на три флоти на руската морнарица ...

Руската морнарица почна голема вежба во која учествуваат околу 300 бродови и 20.000 морнари. Маневрите се тест на дејствијата на командите на три флоти на руската морнарица, како и на касписката флотила.

Од почетокот на војната во Украина во февруари 2022 година, Русија организираше голем број воени вежби, сама или заедно со други земји, вклучувајќи ги Кина и Јужна Африка.