Либан

Велика Британија ги повика своите граѓани да го напуштат Либан

30.07.2024 10:45

Министерот за надворешни работи на Велика Британија, Дејвид Лами ги повика британските граѓани да го напуштат Либан и да не патуваат во таа држава во услови на растечки тензии на Блискиот Исток ...

Министерот за надворешни работи на Велика Британија, Дејвид Лами ги повика британските граѓани да го напуштат Либан и да не патуваат во таа држава во услови на растечки тензии на Блискиот Исток, јави ДПА.

Лами рече дека „ситуацијата брзо се развива“, а претставниците на Форин Офисот работат „деноноќно за да помогнат британските граѓани да бидат безбедни“.

Британското МНР предупреди дека настаните во регионот би можеле да ескалираат за „кратко“ и да доведат до сериозни прекини во превозот на патници кои заминуваат од Либан.