Кривичен суд

Судењето за двојното убиство започнува на 4-ти септември

30.07.2024 12:02

Судењето поврзано со двојното убиство на малолетната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски започнува на 4 септември, информираат од Основен кривичен суд Скопје...

Судењето поврзано со двојното убиство на малолетната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски започнува на 4 септември, информираат од Основен кривичен суд Скопје.

„Заради интерес на медиумите и невладините организации кои ја следат работата на судот, ја информираме јавноста дека, главната расправа за предметот со К.бр. 1339/24 поврзан со двојното убиство на малолетната В.Ѓ. и велешанецот П. Ж, во согласност со странките е насочена за 04.09.2024 година во 10:00 часот во судница 1“, стои во соопштението кое денеска беше објавено на веб-страната на Кривичен.

Оттаму дополнуваат дека расправата која требаше да се одржи денеска е отповикана по предлог за одлагање од Основното јавно обвинителство поради спојување на двете постапки.