Пожари
Пожар во Дојран, зафатени се три куќи
30.07.2024 12:55
Пожар избувнал утрово во депонија во Дојран при што биле зафатени три куќи, информира директорот на Центарот со управување со кризи, Стојанче Ангелов...

Пожар избувнал утрово во депонија во Дојран при што биле зафатени три куќи, информира директорот на Центарот со управување со кризи, Стојанче Ангелов.
Како што информира Ангелов, се врши евакуација на локалното население и засега нема повредени лица.
Заменик генералниот директор на „Национални шуми“, Кире Михаилов побара пожарникарите служби од околните градови да помогнат во справувањето со огнот.
