Пожари
Пожарот беснее, евакуирани жители, изгорени куќи во Овче Поле
30.07.2024 13:20
Околу 40 куќи, од кои поголем дел се стари, но и нови, кои се живеалишта на жителите во селата Малино, Немањици и Орел вчера доцна попладнето беа пеплосани од огнените јазици ...

Околу 40 куќи, од кои поголем дел се стари, но и нови, кои се живеалишта на жителите во селата Малино, Немањици и Орел вчера доцна попладнето беа пеплосани од огнените јазици, кои брзо се ширеа поради ветерот, се првичните проценки на штети според градоначалникот на Општина Свети Николе, Дејан Владев. Во светиниколскиот регион денеска на пожарите се интервенира и од земја и од воздух.
Славица Величковска известува.
