Реформи во јавната администрација
Законите за јавната администрација повлечени, новите ќе се носат со широка јавна расправа. Министерот Минчев бара предлози од јавноста и уверува – балансерот е завршена тема, вработувањата врз основа на знаење и квалитет...

И официјално се повлечени законите за администрацијата од собраниска процедура, поднесени од претходната Влада. Ќе се пишуваат нови. Министерот Минчев уверува дека поставена цел е да има професионална, а непартиска администрација. Преку кампања што ќе се одвива под мотото „Сите заедно за професионална и квалитетна администрација“ ќе се бара широка вклученост на сите засегнати страни за да се подготват квалитетни закони за административни службеници, за вработените во јавниот сектор и законот за стручно усовршување и обука на административните службеници.
Минчев истакна дека основната заложба е етничкиот предзнак да не биде принцип за вработување. Рече дека со балансерот не сака да ги провоцира партнерите од Вреди, бидејќи е тоа завршена работа.
Новите закони за јавната администрација треба да стапат на сила од јануари 2025 година.
Наташа Јанчиќ - Менковски
