Кривична

Реакции за кривичната пријава против Бектеши

30.07.2024 14:47

Според МВР, Бектеши вршел притисок врз началникот во СВР-Охрид за време на изборите. Бектеши и ДУИ сметаат дека е ова политички прогон ...

Кривичната пријава против Крешник Бектеши за опструкција на правдата е потврда за криминалот на ДУИ, коментираат од „Вреди“.

Оттаму велат дека како коалиција се залагаат за владеење на правото, а не за политички реваншизам и затоа бараат, правосудните органи да поведат правична постапка за поранешниот функционер. Според МВР, Бектеши вршел притисок врз началникот во СВР-Охрид за време на изборите. 

Бектеши и ДУИ сметаат дека е ова политички прогон, односно политички лов на вештерки.