Левица ќе поднесе интерпелација за Антонијо Милошоски
Пратеничката група на Левица најави интерпелација за потпретседателот на Собранието, Антонијо Милошоски поради неговото учество на самит во Тајван. Заедно со Милошоски, во Тајпеј отпатува и пратеникот Фатмир Битиќи. И двајцата биле под притисок на Кина да не патуваат на состанокот.

Интерпелација од Левица за потпретседателот на македонското собрание Антонијо Милошоски. Причината е неговото заминување за Тајпеј и учество во интер парламентарната конференција за Кина. Од Левица велат алијанса за Кина која е организатор на конференцијата не се стреми кон соработка, туку е алатка на туѓите интереси.
Циркузијада од Левица која не учествува во работата на Собранието кога се разгледуваат сериозни точки – коментираат во ВМРО-ДПМНЕ за најавената интерпелација на Милошоски.
Во јавноста беше обелоденето дека покрај Милошоски и Битиќи од СДСМ и пратеници од други држави добиле смс пораки од кинеските амбасади да не одат во главниот град на Тајван на закажаната конференција посветена на Кина. Дека биле контактирани потврдија и двајцата пратеници.
Миле Ристески
