МТСП

Во тек е исплата на образовниот додаток за четвртиот мерен период за учебната година 2023/2024 година

30.07.2024 15:33

Министерството за социјална политика, демографија и млади ги информира граѓаните дека во тек е исплата на образовниот додаток за четвртиот мерен период за учебната 2023/2024 година...

Министерството за социјална политика, демографија и млади ги информира граѓаните дека во тек е исплата на образовниот додаток за четвртиот мерен период за учебната 2023/2024 година.

Исплатата на додатокот за образование се врши во четири мерни периоди, и тоа:

-За првиот мерен период во текот на месец декември во тековната календарска година;

-За вториот мерен период во текот на месец февруари во наредната календарска година;

-За третиот мерен период во текот на месец мај во тековната календарска година;

-За четвртиот мерен период исплатата се врши во текот на месец јули во тековната календарска година.