Пожари

Овчеполието гори, над 40 објекти изгореа во Немањици, Малино, Орел и Ѓуѓанци

30.07.2024 16:05

Огнена стихија го пустоши Овчеполието. Фронтот на огнот е широк, се интервенира за да се спречи ширење на огнот во населените места. Првичните проценки се над 40 изгорени објекти, најмногу во селото Немањици...

Светиниколските села Орел, Малино и Немањици беа зафатени со пожари какви што жителите не паметат. По 20 часовна интервенција од земја и воздух, пожарите се под контрола. Немањици е селото со најмногу опожарени објекти.

Жителите во страв од повторно распламтување на огновите кои тлеат, но и во страв како ќе ја прехранат стоката откако изгореа неколку складишта за сточна храна.

И денес трае битката со огнот во светиниколско, каде освен пожарникари и војници, се вклучија доброволни пожарникарски друштва од Берово и Кавадарци

Во текот на денот активни пожари во Овчеполието имаше и близу селата Ѓуѓанци, Ерџелија, Стројманци, Ранчинци и Макреш.

 

Славица Величковска