Пожари

Голем пожар во Стар Дојран, евакуирани жители, опожарени куќи

30.07.2024 16:20

Голем пожар денеска избувна во Стар Дојран. Зафатени се неколку куќи. И таму се врши евакуација на жители, за среќа, засега нема повредени. Се верува дека пожарот е подметнат, почнал од депонијата. Огнот го гаснат пожарникари од Дојран, Валандово, Гевгелија и од Струмица. И таму дејствува хеликоптер поради опасноста од неексплодирани гранати...

Голем пожар беснее во Стар Дојран. Зафатени се неколку куќи, локалното население се евакуира. Се интервенира и од воздух. Македонија повторно го активираше европскиот механизам за воздушна поддршка.

Градоначалникот на Дојран, Анго Андов вели дека пожарот почнал од локалната депонијата, по што се проширил во населеното место. За среќа, нема повредени.

Пожарот се наоѓа на десната страна при влезот во Дојран, но ова подрачје е опасно за гасење поради неиспукани стари гранати од војните во минатото. Другите објекти се одбранети, а претходно беше евакуирано населението од куќите и зградите во близина на огнот. Градот е обвиен со чад, а во делови немаше електрична енергија. Во гасењето помагаат противпожарните екипи и од Гевгелија, Валандово и Струмица.

 

Игор Панов