Мажите, жените и фудбалот до финалето на Мундијалот

07.07.2014 13:25

Тајм-аут во Светското фудбалско првенство. Додека мирува топката на моментално првата преокупација во светот – се отвора прашањето – се нарушил ли машко – женскиот свет. Им се лутат ли жените на мажите за фудбалот? Се чувствуваат ли запоставено и дали има кавги околу далечниското на телевизорот?

Мажите гледаат фудбал, а жените бркаат своја работа. Констатација за некои минати времиња. Анкетите го менуваат машко-женскиот однос кон најважната споредна работа.

„Некои од жените гледаат фудбал, некои се добро запознати со фудбалот... Следам задолжително првенство. Сега жените се повеќе заинтересирани од мажите“, велат случајно анкетираните граѓани.

За некои мажи во проиоритетите не е светското фудбалско првенство. Нема ниту жолчни расправии околу далечинското.

„Не, нема кавги. Всушност, во сите соби сега има телевизори... Ако има од овие турските серии што ги гледаат редовно, ќе повикаат малку, но пак ќе се погодиме“, велат прилепчани.

Туристите го спорелуваат искуството на релација мажи-жени-фудбал.

„Јас сум за фудбалот, но добро е да се види и да се патува. Во Словенија сите се запалени за фудбалот. Мажите гледаат- жените готват вечера. Не се чувствуваат запоставено“, вели еден турист од Словенија.

Ако некогаш беше: светското првенство, еден телевизор и повеќе нервози за жените, денеска стереотипете се менуваат: Мажите признаваат – и жените доволно гледаат фудбал.

Според стручњаците, жените не сакаат инфериорност. Инсистираат  да бидат дел од машките разговори. Најефектно преку најважната машка занимација.

„Жените се борат да се рамноправни еве веќе долги години, така што јас мислам дека една последица од тоа е гледањето фудбал. Не сакаат да бидат игнорирани од мажите, сакаат да бидат вклучени во нивните разговори“, вели д-р Моника Самарџиоска.

Прогнозираат паѓаат – фудбалското финале ќе го спои машко-женскиот свет.

 Со добро друштво. И мажи и жени. Најважната споредна работа, се чини, не го нарушува многу машко-женскиот однос. Сите - со свои фаворити до целта.

 

 

Елизабета Митреска