Свет

Деветгодишно девојче е третата жртва на нападот во Саутпорт

30.07.2024 17:25

Локалната полиција потврди дека деветгодишно девојче е трета жртва на нападот...

Деветгодишно девојче им подлегна на повредите добиени во вчерашниот напад со нож во градот Саутпорт, Англија.

Полицијата соопшти дека девојчињата што во понеделникот го загубија животот биле на возраст од шест и седум години.

Во нападот се повредени уште осум деца, од кои пет се во критична состојба. За живот се борат и двајца возрасни.

Нападот се случи во понеделникот околу пладне, кога напаѓачот со нож влегол на час по танц и јога, на кој присуствувале околу 25 деца на возраст од шест до 11 години.

Напаѓачот набрзо беше уапсен, а полицијата констатираше дека се работи за седумнаесетгодишно момче.

Кај него е пронајден нож со кој е извршено кривичното дело. Мотивот за нападот засега не е познат.