Исплатена јунската пензија
07.07.2014 13:26
На сметките на 286.573 пензионери префрлени се 3 милијарди 577 милиони и 600 илјади денари...

Министерството за финансии денеска ја исплати пензијата за јуни. На сметките на 286.573 пензионери префрлени се 3 милијарди 577 милиони и 600 илјади денари.
Просечната пензија заклучно овој месец изнесува 12.489 денари. Министерството за финансии продолжи со политиката на редовна и навремена исплата на пензиите и со тоа поддршка на стандардот на оваа категорија граѓани.
