Лукашенко помилува Германец осуден на смрт во Белорусија
Претседателот на Белорусија Александар Лукашенко одлучи да го помилува германскиот државјанин Рик Кригер, кој беше прогласен за виновен по шест члена од Кривичниот законик и осуден на смрт под обвинение за тероризам, соопшти прес-службата на Лукашенко...

Претседателот на Белорусија Александар Лукашенко одлучи да го помилува германскиот државјанин Рик Кригер, кој беше прогласен за виновен по шест члена од Кривичниот законик и осуден на смрт под обвинение за тероризам, соопшти прес-службата на Лукашенко.
Како што претходно беше најавено, Кригер апелираше до претседателот на Белорусија со барање за помилување.
Се нагласува дека Лукашенко имајќи ги предвид сите околности ја донел одлуката за помилување на Кригер.
Претходно агенцијата објави дека Лукашенко најавил дека тој како претседател ќе ја донесе конечната одлука за случајот по консултација со луѓе запознати со ситуацијата.
Во интервју за државната телевизија Белорусија-1 емитувано минатата недела, Кригер рече дека имал задача од украинската безбедносна служба да фотографира воени локации во Белорусија минатиот октомври и му било кажано да постави експлозив на железничка линија југоисточно од Минск.
