Свет
Израел изврши воздушен напад врз Бејрут
30.07.2024 20:36
Израел изведе воздушен напад врз јужно предградие на Бејрут, чија цел бил висок командант на Хезболах...

Израел изведе воздушен напад врз јужно предградие на Бејрут, чија цел бил висок командант на Хезболах. Израелската војска кажа дека ова е одмазда за саботниот ракетен напад врз Голанската Висорамнина, кога на фудбалски терен загинаа 12-мина млади.
Очевидци кажаа дека голема експлозија се слушнала во јужниот дел на градот, каде што е упориштето на проиранската милитантна група. Извор од израелските безбедносни служби изјави дека мета на нападот бил висок заповедник на Хезболах, Либанската државна новинска агенција објави дека била погодена област каде што е сместен Советот Шура на Хезболах.
Засега нема потврда дали во нападот има жртви.
