ЦУК

Вчера рекордни 54 пожари, источна Македонија во пламен

31.07.2024 08:18

Вчера рекордни 54 пожари во земјава, а 19 уште активни. Пожарот што вчера изби во атарот на пехчевското село Негрево е исклучително силен и тежок за гаснење, вели директорот на Центарот за управување со крици (ЦУК)...

Вчера рекордни 54 пожари во земјава, а 19 уште активни. Пожарот што вчера изби во атарот на пехчевското село Негрево е исклучително силен и тежок за гаснење, вели директорот на Центарот за управување со крици (ЦУК), Стојанче Ангелов во вчерашното видео-обраќање. Тој дополни дека ризичен е и атарот во кумановско, како и селото Негрево и Пехчево.

Според него, зафатена е квалитетна борова шума, а запалени шишарки летаат и по 20 до 30 метри и создаваат нови жаришта.

Од пожарната во Струмица известија дека денес испратиле едно ПП возило со пожарникари кои треба да помогнат во гаснењето на огнот кој се заканува да ги фати првите куќи.

И во кратовско и неготинско пламените јазици навлегуваат во одредени села.