Индија

Над 150 лица загинаа во свлечиштата кал во Керала

31.07.2024 08:54

Најмалку 151 лице загина, а 186 се повредени во свлечиштата кал по силниот дожд во јужната индиска држава Керала, соопшти денеска локалната полиција...

Најмалку 151 лице загина, а 186 се повредени во свлечиштата кал по силниот дожд во јужната индиска држава Керала, соопшти денеска локалната полиција.

Несреќата се случи откако обилните врнежи предизвикаа буици од кал и вода што ги погодија имотите и селата во Керала.

Спасувачите синоќа извлекоа десетици тела од калта, но нивните напори беа отежнати поради блокираните патишта и нестабилниот терен.

Властите во погодената област испратија 20.000 литри вода за пиење. Во синоќешното соопштение, исто така, се наведува дека локалните власти поставиле повеќе полски болници.

Во централните и северните предели наврнаа и до 28 сантиметри дожд за 24 часа.