Хрватска

Големи пожари и во Хрватска

31.07.2024 09:03

Хрватските пожарникари сè уште се борат со пожарот кој утринава избувна кај Скрадин и зафати околу 500 хектари ниска вегетација и борова шума ...

Хрватските пожарникари сè уште се борат со пожарот кој утринава избувна кај Скрадин и зафати околу 500 хектари ниска вегетација и борова шума. Најтешка е состојбата на делницата Рупа – Пластово, а постои можност пожарот да се прошири во правец на Дубравица и Националниот парк Крка.

Вечерта, по наредба на главниот началник на пожарникарите, карловачките пожарникари се упатиле кон подрачјето на Дубравица. Пожарникарите, од цела ривиера прават натчовечки напори да го изгаснат пожарот, а пепелта паѓа како дожд.

Пожарникарите дежураат пред црквата Свети Никола Тавелиќ во Тучеп, а над 90 отсто од маслиновите и земјоделските површини, како и запуштените површини, горат, известуваат тамошните медиуми.