11 лица загинаа во судирите со полицијата во Венецуела
Најмалку 11 лица загинаа, а десетици се повредени во судирите со полицијата во Венецуела по избувнувањето на масовните протести против сомнителниот реизборот на венецуелскиот претседател Мадуро...

Најмалку 11 лица загинаа, а десетици се повредени во судирите со полицијата во Венецуела по избувнувањето на масовните протести против сомнителниот реизборот на венецуелскиот претседател Мадуро.
Меѓу повредените има и над 20 војници. Невладини организации јавуваат за над 170 приведени лица низ целата земја.
Прогласувањето на третиот по ред мандат на претседателот Мадуро предизвика голем револт меѓу граѓаните кои излегоа на улиците на Каракас и во други градови, барајќи оставка од Мадуро. Опозицијата е уверена дека нивниот кандидат извојувал убедлива победа, но изборната комисија прогласи победа на Мадуро.
