Англија

22 полицајци се повредени во немирите во Саутпорт, по убиството на трите деца

31.07.2024 10:32

Полицијата во англиската област Мерсисајд соопшти дека 22 полицајци се повредени во немирите во Саутпорт, што избувнаа откако три девојчиња беа избодени до смрт...

Полицијата во англиската област Мерсисајд соопшти дека 22 полицајци се повредени во немирите во Саутпорт, што избувнаа откако три девојчиња беа избодени до смрт, а пет деца беа тешко повредени на детски час по танцување и јога во овој приморски град.

Според истражителите, нападот не е поврзан со тероризам.

Полицијата соопшти дека уапсила 17-годишно момче од Кардиф, во Велс, и предупреди дека на интернет се шират лажни гласини дека осомничениот е барател на азил кој пристигнал во Велика Британија со брод.