Кошарка

Германија го совлада Бразил

31.07.2024 11:50

Светскиот кошаркарски шампион првак Германија, го совлада амбициозниот тим на Бразил со 86-73 во 2. коло од групата на Олимписките Игри ...

Светскиот кошаркарски шампион првак Германија, го совлада амбициозниот тим на Бразил со 86-73 во 2. коло од групата на Олимписките Игри во Париз.

Ова беше втор триумф за Германија, додека Бразил го запиша и вториот пораз откако загуби во првото коло и од Франција, па против Јапонија ќе се бори за биде една од најдобрите третопласирани селекции и да остане во трка за пласман во следната фаза.

Најефикасен беше Шредер кој постигна 20 поени, додека кај Бразил Бените постигна 17.