Јавна администација

Реформи во јавната администација

31.07.2024 14:20

Зајакнување на капацитетите и целосна департизација – очекувањата јасни, патот до комплетна реформа на јавната администрација трнлив ...

Реформите во јавната администрација тешки, но остварливи. Ресорниот министер Минчев со јавна дебата очекува да се подобрат трите закони со кои јавниот сектор треба да биде департизиран, транспарентен и ефикасен. За укинувањето во балансерот, но и за измените во администрацијата очекува поддршка од владиниот партнер „Вреди“.

Повисоки плати и крај на вработувањето по партиски клуч. Сојузот на синдикати на Македонија ги испорачаа главните барања до надлежните при спроведувањето на реформите. Претседателот Трендафилов дециден – владата да најде пари за најавените покачувања.

Професионална администрација, отпорна на притисоци, преку дигитална трансформација. Министерот Стефан Андоновски најави 4 приоритети кои треба да ги подобрат услугите за граѓаните, но и функционирањето на јавниот сектор.

Трите закони за јавна администрација се повлечени од собраниска процедура. По завршување на консултациите со сите засегнати страни, Минчев најави дека до крајот на октомври ќе се најдат пред пратениците.

 

Викторија Милевска