По повод 1.000 години постоење- прво културно лето во Слепче
Првото култуно лето дерхисарци целосно го посветуваат на милениумското постоење на манастирот Св. Јован Претеча, селото Слепче и последната битка на Цар Самоил...

Од Иванден до Мала Богородица. Тоа е временската дистанца помеѓу двата верски празници со милениумско значење за Демир Хисар. Малата општина од утре го започнува првото културно лето од своето постење, посветено на јубилејот еден милениум од постоењето на едно од најголемите духовни светилишта, Манастирот Св. Јован Претеча, селото Слепче и смртта на Цар Самоил- историски настани кој сведочат за длабоките корени на македонската цивилизација.
„Тоа е едн спој на три работи во едно, постоењето на манастирот поврзано со смрта на Цар Самоил и постоењто на населбата Слепче. Значи во Демир Хисар таа населба е поврзана поврзана со 1.000 годишнината, но сигурно постоела и пред тоа, но значењето е во тоа што кога врвеле ослепените војници дел од нив останале на овие простори“, вели градохачалникот Лупчо Блажевски.
Богатата над двомесечна програма ќе се одвива низ повеќе населени места и атрактивни отворени локации. Преку натурализираниот Слепчанец, познатиот наш шоумен Игор Џамбазов, кој е и главен кординатор на програмскиот дел, отворена покана до сите оние кои досега не биле во овој живописен крај.
„Еден податок пред извесно време ме фрапира. Една моја приватна анкета ми покажа дека само десет проценти од граѓаните на Македонија знаат каде е Демир Хисар, а само три до пет проценти ја посетиле оваа општина, не само што е тажно туку е и за плачење“, вели програмскиот кординатор Игор Џамбазов.
Најавено е присуството на претседателот Горѓе Иванив, добитниците на титулата актер на Европа од последниве години како и голем број на истакнати личности од земјава и странство.
Стевче Митревски
