Македонија

Власта и опозицијата со меѓусебни обвинувања кој потфрли за пожарите

31.07.2024 13:49

Власта и опозицијата со меѓусебни обвинувања кој потфрли за пожарите. СДСМ критикува за лоша координација на воздухопловите, премиерот Мицкоски одговара – наследивме приземјени авиони и хеликоптери, ги активиравме сите ресурси...

Наследивме нефункционални три авиони и три хеликоптери за гасење пожари. Ги оспособиме и ги вративме пилотите. Се соочуваме со рекорден број пожари на ден, сите капацитети се ставени во функција – вели премиерот Мицкоски. Загрижен е поради невнимателноста кај одредени граѓани и затоа што дел од пожарите се подметнуваат.

Шефот на владата потврди дека пристигнува помош од неколку европски држави и апелира до граѓаните да не се самоорганизираат во гаснењето на пожарите, бидејќи има доволен стручен кадар.

Опозициската СДСМ бара поради целосно потфрлање со пожарите, министерот за внатрешни Тошковски да биде сменет од Управувачкиот комитет за кризи. Од Бихачка велат, владата на Мицкоски и институциите потфрлаат во справувањето со огнената стихија.

Пожарите изгореа илјадници хектари шума.

 

Миле Ристески