Министерството за правда поднесе барање на екстрадиција на осудените од „Монструм“
Министерот за правда, Игор Филков, потпишал барање за екстрадиции за Алил Демири и Африм Исмаиловиќ кои се осудени за доживотен затвор за кривичното дело „тероризам“...

Министерот за правда, Игор Филков, потпишал барање за екстрадиции за Алил Демири и Африм Исмаиловиќ кои се осудени за доживотен затвор за кривичното дело „тероризам“. Како што појасни, овие две барања се доставени до косовското Министерство и се чека на одговор.
Тој напомена дека за нив првпат од Косово е побарана екстрадиција на 15 март 2013 година, но тоа беше одбиено.
„За Алил Демири и Африм Исмаиловиќ, првпат од Република Косово е побарана екстрадиција на 15.3.2013 година. Барањето за екстрадиција беше одбиено со пресуда на Основниот суд во Приштина од октомври 2015 година, потврдено и од Апелациониот суд на Косово јануари 2016 година. Екстрадиција повторно е побарана за двајцата на 05.9.2018 година“, додаде Филков.
Како што посочи, на 8 октомври 2021 година добиено е известување од Министерството за правда на Косово дека екстрадицијата за Исмаиловиќ се одбива, а за Демири немало одговор.
