Овчеполието и денес се бори со пожари
Неколку активни пожари има и во светиниколско, кај селата Горно и Долно Ѓуѓанци претпладнево интервенираше српскиот хеликоптер, а од земја се гасат пожари кај селата Макреш, Строиманци и Ранченци. Пожарот на територија на Општина Карбинци е под контрола.

Пожарот кај село Орел – светиниколско, откако беше ставен под контрола, повторно се распламти, а под закана од оган денес беа и селата Долно и Горно Ѓуѓанци, Строиманци, Ранченци, Ерџелија, Немањици и Малино. Стевчо Крстев од Свети Николе во село Ранченци има фарма. Пожар му го пеплоса складот полн со сточна храна, слама и детелина. Вели среќа во несреќа е што житото е ожнеано пред пожарите
Пожарот кај село Ранченци дојде непосредно до манастирот и првите куќи во селото. Според првичните проценки, над 50 објекти во светиниколските села се уништени во пожарите
Пожарот кај карбинските села Горни и Долни Балван и село Трогерци е локализиран.
Славица Величковска
