Пожари
Пехчево е спасено од пожарот, локалното население мобилизирано за помош
31.07.2024 17:34
Пламените јазици ги опустошија боровите шуми во Пехчево. Огнот со хеликоптери се гаснеше од воздух за да се заштитат куќите и населените места...

Тешка битка со пожарите во Малешевијата. Пламените јазици ги опустошија боровите шуми во Пехчево. Огнот со хеликоптери се гаснеше од воздух за да се заштитат куќите и населените места. Најкритично беше во Негрево. Помагаа и екипи од други градови и доброволци. Градот е спасен. Со натчовечки напори, огнената стихија е ставена под контрола.
Анита Димитријевска-Велковска
