Локална самоуправа

Перински на средба со градоначалниците на општините од Североисточниот плански регион

31.07.2024 18:07

Министерот за локална самоуправа Златко Перински со денешниот состанок со градоначалниците на општините од Североисточниот плански регион, ја заокружи серијата состаноци со сите градоначалници...

Министерот за локална самоуправа Златко Перински со денешниот состанок со градоначалниците на општините од Североисточниот плански регион, ја заокружи серијата состаноци со сите градоначалници.

– Задоволен сум што во кратко време успеав да остварам лични средби со сите градоначалници од кои изворно можев да се информирам за функционирањето на секоја општина. Градоначалниците секојдневно се соочуваат со предизвици и Владата и јас како министер за локална самоуправа имаме план како преку соработка да ги подобриме работите. Го остваруваме ветувањето за голема финансиска поддршка на капитални проекти во општините, затоа што тоа им е потребно на граѓаните, рекол Перински, соопштија од Министерството за локална самоуправа.

На состанокот било истакнато дека иако Североисточниот плански регион, според степенот на развиеност е најнеразвиен, општините во регионот имаат потенцијал за развој и поддршката од Владата им е неопходна за да реализираат капитални проекти кои што решаваат важни прашања за граѓаните, но се и во функција на локалниот развој. Станува збор, се посочува во соопштението, за плански регион што има потенцијал за рурален развој, за развој на туризам, како и за развој на мали бизниси.

– Потребно е инвестирање во патната и во комуналната инфраструктура заради создавање на примарни услови за побрз економски развој. Затоа, беше речено, општините многу сметаат на поддршката од Владата, а тоа е и силна мотивација за подготовка на проекти кои што ќе бидат финансирани во континуитет, се вели во соопштението.