Свет

Шефот на СЗО потврди дека е откриен полиовирус во Газа

31.07.2024 18:28

Шефот на Светската здравствена организација (СЗО) Тедрос Аданом Гебрејесус денеска потврди дека во Газа е откриено присуство на полиовирус и предупреди дека децата во таа зафатена од војна енклава наскоро ќе бидат заразени доколку брзо не се преземат превентивни мерки...

Шефот на Светската здравствена организација (СЗО) Тедрос Аданом Гебрејесус денеска потврди дека во Газа е откриено присуство на полиовирус и предупреди дека децата во таа зафатена од војна енклава наскоро ќе бидат заразени доколку брзо не се преземат превентивни мерки.

Еден ден откако СЗО соопшти дека има „многу веројатни“ случаи на детска парализа кај населението во Газа, генералниот директор Гебрејесус се огласи на платформата на социјалните мрежи Икс за да ја истакне загриженоста за човечките трошоци од конфликтот меѓу Израел и Хамас.

„Откривањето на детска парализа во Газа е уште еден потсетник за ужасните услови со кои се соочува населението“, напиша Тедрос.