МВР

Мајка и син ја затвориле неговата девојка дома, не ја давале ни кога полицијата дошла да интервенира

31.07.2024 18:49

Вчера во 17.15 часот во гостиварски Градец, полициски службеници од Полициското одделение Галате ја лишиле од слобода К.Н.(54) од Градец затоа што агресивно се однесувала и спречувала полициски службеници при вршење службени дејствија...

Вчера во 17.15 часот во гостиварски Градец, полициски службеници од Полициското одделение Галате ја лишиле од слобода К.Н.(54) од Градец затоа што агресивно се однесувала и спречувала полициски службеници при вршење службени дејствија.

Постапувајќи по претходна пријава од 25-годишна девојка од Гостивар дека К.Н. и нејзиниот син Ф.Н., со кој порано живеела во вонбрачна заедница, од 28.07.2024 без нејзина волја ја држеле во нивниот дом во село Градец, К.Н. агресивно се однесувала кон нив и не дозволувала да ја земат девојката од нивниот дом, објаснуваат од СВР Тетово.

Додаваат дека по целосно расчистување и документирање на случајот следува соодветна пријава.