Газа
Новинар и снимател на Ал Џезира загинаа во израелски напад врз Газа
31.07.2024 19:14
Телевизијата Ал Џезира со седиште во Доха во средата објави дека нејзиниот известувач Исмаил ал-Гул и снимателот Рами Ел Рифи биле убиени во израелски напад врз градот Газа..

Телевизијата Ал Џезира со седиште во Доха во средата објави дека нејзиниот известувач Исмаил ал-Гул и снимателот Рами Ел Рифи биле убиени во израелски напад врз градот Газа.
Сè уште не се достапни детали за околностите на нивната смрт.
Владината канцеларија за медиуми во Газа, управувана од Хамас, соопшти дека со новите смртни случаи бројот на палестински новинари убиени од израелски оган од 7 октомври наваму на 165.
