Италија
Голем пожар во Рим, зградата на РАИ и астрономската опсерваторија евакуирани
31.07.2024 19:27
Голем пожар денеска избувна во областа Монте Марио во Рим, а зградата на јавната служба РАИ, астрономската опсерваторија и уште четири куќи беа евакуирани...

Голем пожар денеска избувна во областа Монте Марио во Рим, а зградата на јавната служба РАИ, астрономската опсерваторија и уште четири куќи беа евакуирани.
Улиците во областа се затворени, а голема црна колона чад е видлива над градот, пренесува АНСА.
Од зградата на астрономската опсерваторија се евакуирани 40 лица, а пожарот се закани и на неколку згради.
