Со грант од ЕБОР ќе се поврзат берзите од регионот

07.07.2014 14:20

Целта е да се обезбеди како локален така и регионален развој на берзите...

Со грант од 540.000 евра од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) регионално ќе се поврзат македонската, хрватската и бугарската берза.

За таа цел е формирана заедничка компанија „СЕЕ Линк“,преку која што  електронски ќе се врши прекуграничното пренасочување на налозите за тргување.

Целта е да се обезбеди како локален така и регионален развој на берзите. Од наредната година ќе можат да се приклучат и останатите берзи од регионот.