Временска прогноза

Сончево и топло со слаб до умерен ветер

01.08.2024 07:56

Времето денеска ќе биде сончево и топло со слаб до умерен ветер од променлив правец, информира УХМР...

Времето денеска ќе биде сончево и топло со слаб до умрен ветер од променлив правец, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 18 степени, а максималната ќе се достигне од 33 до 39 степени.

Во Скопје, пак, времето ќе биде сончево и топло со слаб ветер. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне 38 степени.

Од викендот во попладневните часови се очекува нестабилно време со пороен дожд и грмежи, а локално ќе има услови за појава на невреме со силен ветер и град.