Илинден

Во Крушево почнува чествувањето на 121 година од Илинденското востание и Крушевската Република

01.08.2024 08:15

Синоќа во Крушево пристигнаа коњаниците од сите страни на Македонија. Денеска од 10 часот делегации ќе ги посетат Спомен куќата на Смилевскиот конгрес и споменикот на Дамјан Груев, каде ќе се поклонат и ќе положат свежи цвеќиња...

Во Крушево со низа свечености почнува чествувањето на 121 година од Илинденското востание и Крушевската Република. Синоќа во Крушево пристигнаа коњаниците од сите страни на Македонија. Денеска од 10 часот делегации ќе ги посетат Спомен куќата на Смилевскиот конгрес и споменикот на Дамјан Груев, каде ќе се поклонат и ќе положат свежи цвеќиња.

Во 18,45 часот во центарот на Крушево, пред црквата „Свети Никола“ ќе бидат пречекани коњаниците од цела Македонија. Традиционално, крушевчани ќе ги пречекаат поддржувачите на традициите од Илинденските денови со леб и сол. На свеченото отворање на манифестацијата „10 дена Крушевска Република“, од 20 часот на Гумење, ќе се прочита Крушевскиот манифест и ќе се подигне бајракот на Крушевската Република.

На отворањето се очекува да се обратат Томе Христоски, градоначалник на Крушево и претседател на Манифестацијата, како и министерот за култура Зоран Љутков.