Жестоки борби во областа Доњецк
Русија извршила напад со беспилотни летала, а украинските власти изјавија дека системите за противвоздушна одбрана собориле 89 дронови...

Жестоки борби се водат во регионот на Доњецк, соопштија украинските власти. Русија извршила напад со беспилотни летала, а украинските власти изјавија дека системите за противвоздушна одбрана собориле 89 дронови. Украинските сили соопштија дека погодиле складиште со муниција и воена опрема во областа Курск.
Сојузниците и ги доставија првите борбени авиони Ф-16 на Украина јавуваат медиуми. Украинскиот претседател Зеленски, изјави дека најважно во моментов е да се зголемат капацитетите за заштита на украинскиот воздушен простор.
Во меѓувреме, руската армија ја започна третата фаза од вежбите за нестратешко распоредување на нуклеарно оружје, при што ќе се работи на подготовка на единиците на вооружените сили на руската федерација за борбена употреба на ова оружје.
