Венецуела

Продолжуваат протестите во Венецуела

01.08.2024 12:07

Повеќе од 1.000 лица беа уапсени неделава во земјата по бројните протести во неколку региони против резултатите од претседателските избори во неделата, откако Националниот изборен совет ја прогласи победата на Мадуро...

Америка ја обвини изборната власт на Венецуела за фалсификување на резултатите за да ја прикрие победата на Едмундо Гонзалес на контроверзните претседателски избори.

Во меѓувреме, повеќе од 1.000 лица беа уапсени неделава во земјата по бројните протести во неколку региони против резултатите од претседателските избори во неделата, откако Националниот изборен совет ја прогласи победата на Мадуро.

Според обвинителството сите приведени за кои ќе се утврди дека се одговорни за протестите ќе бидат лишени од слобода долги години.