Украина
Стигнаа првите ловци Ф-16 за одбрана од Русија
01.08.2024 12:11
Ф-16 се клучни за одбрана од континуираните руски ракетни напади...

Украина тврди дека Ф-16 се клучни за одбрана од континуираните руски ракетни напади. Западот првично не сакаше да ги испрати ловците, плашејќи се дека вооружувањето на Украина со напредно оружје ќе доведе до уште поголема ескалација на војната со Русија.
Во меѓувреме, САД обучуваа украински пилоти да управуваат со авионите, а првата група пилоти веќе ја завршија обуката.
