САД
Обвинети за планирање на нападите на 11 септември се спогодија за признавање вина
01.08.2024 12:12
Тројца мажи обвинети за планирање на терористичките напади на 11 септември 2001 година постигнаа договор за признавање вина со американските власти...

Тројца мажи обвинети за планирање на терористичките напади на 11 септември 2001 година постигнаа договор за признавање вина со американските власти.
Според американските медиуми тие ќе се изјаснат за виновни во замена обвинителите да се согласат да не бараат смртна казна. Условите на спогодбата за вина сè уште не се објавени.
Речиси 3.000 луѓе во Њујорк, Вирџинија и Пенсилванија беа убиени во нападите на Aл Kаеда што ја поттикнаа „војната против тероризмот“.
