Супер тајфун оди кон јапонскиот остров Окинава

07.07.2014 14:31

Тајфунот Неогури денеска тргна кон островот Окинава на југот на Јапонија, следен од ветар со брзина од 270 километри на час, соопшти Јапонската метеоролошка агенција.
 
Треба да стигне во вторник наутро, со оглед на сегашната оддалеченост од 300 км.од островот. Од агенцијата предвидуваат дека ќе го зафати јапонскиот архипелаг, но со послаба јачина.
 
Со оглед на силниот ветар и обилните дождови, на жителите на Окинава им се препорачува да не излегуваат од  дома без потреба. Јапонија секоја година ја погодуваат по два до четири тајфуни, но, не се вообичаени во месец јули.