Свет
Размена на затвореници меѓу Русија, САД и други земји
01.08.2024 17:44
Размена на затвореници на Руската федерација со повеќе земји во светот...

Размена на затвореници на Руската федерација со повеќе земји во светот. На аеродромот Есен Бога во Анкара слета руски авион со странски осуденици, турските безбедносни власти соопштија дека 26 затвореници од Соединетите Американски Држави, Полска, Словенија, Норвешка, Русија, Белорусија и Германија се предмет на размената.
Меѓу затворениците се двајца американски новинари, поранешен маринец, но и Иља Јашин, опозицискиот лидер во Русија, долгогодишен сојузник на починатиот Алексеј Навални.
Се претпоставува дека размената на осудениците и затворениците се поврзува со можноста Москва да биде повикана на следната мировна конференција за Украина, најверојатно во октомври.
