Хотелиерите и музичарите се договорија- ќе се плаќа за пуштање музика
07.07.2014 14:50
Хотелите ќе издвојуваат по 2 денара од секое ноќевање, а кафулињата и рестораните со површина до 50 квадрати по 90 денари месечно...

Хотелиерите и угостителите од Стопанската комора се договорија со „Македонската музичка индустрија“ за висината на надоместокот за пуштање музика во локалите.
Хотелите ќе издвојуваат по 2 денара од секое ноќевање, а кафулињата и рестораните со површина до 50 квадрати по 90 денари месечно.
Објектите поголеми од 100 квадрати ќе плаќаат за музика по 270 денари. Фактурите ќе се плаќаат секој месец.
Свето Николовски
