Македонија

Трипуновски од Конче: Преку манифестацијата „Од зрно до погача“ ќе продолжи да се негува македонската традиција

01.08.2024 20:00

Денеска во мултиетничко Конче, с. Лубница се одржа манифестацијата „Од зрно до погача“ на која се презентираа мултиетничките традиции, обичаи, здравата храна и соживотот на македонското и турското население кое што таму живее...

Денеска во мултиетничко Конче, с. Лубница се одржа манифестацијата „Од зрно до погача“ на која се презентираа мултиетничките традиции, обичаи, здравата храна и соживотот на македонското и турското население кое што таму живее.

Во рамките на манифестацијата имаше и фолклорен дел посветен на жетварските обичаи од страна на локалните жители и беше изложена прекрасната традиционална храна од регионот.

Овој настан е поддржан од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во соработка со ЗРР Блесок од Радовиш.

На самиот настан присуствуваше и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, кој што посочи дека преку вакви манифестации може да се негува и зачува традицијата како наше најголемо богатство.

„Традицијата на еден народ е олицетворение на сето богатство што може да го презентира една земја. Преку повеќе вакви настани традицијата ќе продолжи да се раскажува преку храна, песни и игри“, истакна министерот Трипуновски.