Преку голем број свечености се одбележува Денот на Републиката и Илинден
Македонија во чест на Денот на републиката, празникот преку голем број свечености. Годинава прославата е под слоганот „Борбата трае“...

Македонија во чест на Денот на Републиката, празникот преку голем број свечености. Годинава прославата е под слоганот „Борбата трае“. Пораката дека стремежот за напредок, слобода и благосостојба на нашата држава продолжува, потпирајќи се на историските основи и борбата на нашите предци, ќе ја пренеси државниот врв.
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, ќе ја посети спомен-собата во меморијалниот центар во Пелинце, каде ќе има и обраќање. Од таму шефицата на државата ќе замине за манастирот „Свети Прохор Пчински“ каде ќе биде пречекана од нејзиниот српски колега Александар Вучиќ.
Премиерот Христијан Мицкоски, ја предводи делегацијата за одбележување на Илинден во Крушево, на Мечкин Камен.
Во Скопје, одбележувањето ќе биде на плоштадот „Македонија“, каде што претседателот на собранието, Африм Гаши, ќе положи свежо цвеќе пред споменикот на претседателот на Президиумот на АСНОМ, Методија Андонов-Ченто.
