Македонија
Венко Филипче ќе ја предводи партиската делегација на одбележувањето на Денот на Републиката во Скопје
02.08.2024 09:21
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска, 2 Август 2024 година ќе ја предводи партиската делегација на одбележувањето на Денот на Републиката во Скопје...

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска, 2 Август 2024 година ќе ја предводи партиската делегација на одбележувањето на Денот на Републиката во Скопје.
По повод големиот празник, 2-ри август, Илинден, претседателот Филипче, придружуван од пратеничката Даниела Николова и претседателот на општинската организација на СДСМ и градоначалник на Центар, Горан Герасимовски, ќе оддаде почит и ќе положи свежо цвеќе пред споменикот на Методија Андонов Ченто на плоштадот Македонија, пред споменикот на АСНОМ во паркот Жена Борец, пред споменикот на Никола Карев пред македонското Собрание.
