„Веибо“ освен во текстилната, ќе инвестира и во челичната индустрија

07.07.2014 15:01

Освен во делот на текстилот, компанијата ги информирала властите дека ќе отворат и фабрики за изработка на челични профили...

Мултинационалната Веибо Групација годинава ќе почне со изградба на своите капацитети на североистокот од земјава.

На површина од 400.000 квадратни метри, ќе инвестираат во цел комплекс фабрики, вредни 400 милиони долари, кои ќе донесат нови 5.000 вработувања.

Освен во делот на текстилот, компанијата ги информирала властите дека ќе отворат и фабрики за изработка на челични профили, со што бројот на вработените може да ја надмине првично најавената бројка.