ЦУК

ЦУК: Денес се активни 6 пожари на отворено

02.08.2024 11:23

Денес претпладне активни се 6 пожари на отворено и шумски пожари ...

Денес претпладне активни се 6 пожари на отворено и шумски пожари:

  1. Општина ДЕМИР ХИСАР: врз пожарот на Илинска Планина дејствуваме со концетриран напад од 5 ер трактори (1 на ДЗС, 2 германски и 2 шведски). На тешко пристапниот терен на земја гаснат локални пожарникари со подршка на месно население.
  2. Општина МАКЕДОНСКИ БРОД: с. Тажево – с. Брезница – крак кон Јасен. Овде го упативме тимот од Унгарија составен од 46 лица со специјални теренски возила и опрема а заедно со нив ќе гаснат и 50 припадници на Армијата и 20 локални пожарникари.
  3. Општина ПРОБИШТИП 1: с. Зелениград – с. Јамиште. Денес овој пожар го гаснеме со концетриран напад со 8 хеликоптери. Четири од нив гаснат од рано наутро (1 полициски, 2 Армиски и 1 српски) а останатите 4 полетаа пред малку (2 унгарски, 1 словенечки и 1 чешки. На тешко пристапниот планински терен гаснат локални пожарникари со подршка на 30 припадници на Армијата.
  4. Општина ПРОБИШТИП 2: Во атарот на с. Стрисовци на земја гаснат 35 припадници на Армијата, 10 локални пожарникари како и вработени од Рудник Булмак, ЈКП, ДЗС доброволци од месното население. Од воздух им помага 1 хеликоптер од Чешка.
  5. Општина ПЛАСНИЦА: с. Пласница – с. Латово, Македонски Брод, гори трева, грмушки и нискостеблести растенија. Во гаснењето учествуваат локални пожарникари и тим од Национални Шуми.
  6. Општина ПЕХЧЕВО: с. Негрево, (10 припадници на ДЗС и 15 припадници на Армијата работат на целосно догаснување на пожарот кој сè уште има внатрешно горење но од вчера е под целосна контрола.

Овој план во зависност од состојбата на терен како и состојбата на воздухопловите може да претрпи измени во кој било момент.